Carbon е проект за предметот Медиуми и комуникации. Темата на оваа игра е Последиците од загадувањето и нивното влијание врз светот. Оваа тема ја одбравме бидејќи сметаме дека загадувањето претставува огромен проблем во светот. Низ секојдневниот живот гледаме како различни луѓе фрлаат отпад насекаде, како автомобилите и оџаците од фабриките испуштаат отровни гасови кои потоа влегуваат во атмосферата. Секое такво нешто придонесува само за уништување на озонскиот слој на Земјата. Мисијата на играта е да го поттикне играчот да не загадува со тоа што му ја покажува суровата иднина на нашата планета, иднина каде што целиот начин на живеење е таков каков што никогаш не бил.
Настаните во приказната се случуваат 100 години во иднината каде светот е трансформиран во дистопија од загаденоста. Светот што ние денес го познаваме со небесно сино небо и бескрајно зелени шуми се само дел од многуте приказни кои се кажуваат на децата. Со уништувањето на шумите и природните филтри за гасовите (CO2, CH4, N2O и др) темпeратурите на планетата се зголемени благодарение на ефектот на стаклена градина, со тоа и голем број природни катастрофи и појава на нови болести. Како последици на сето тоа голем број на животни се веќе изумрени и целовкупниот број од популацијата на животот на планетата е премногу намален. Животот за преживеаните е како пекол на земјата. Поради смогот кој е токсичен луѓето живеат во затворени градби во мали групи. Излегувањето надвор без маска со резервоар за кислород представува сигурна смрт. За разлика од денес кислородот не е достапен насекаде околу нас. Поради тоа тој представува вид валута за купување работи. Тоа работи на следниов начин. Да речеме сакате да купите јаболко од маркетот, го приклучувате вашиот уред за кислород со тој кај продавачот и тоа одзема кислород колку што вреди јаболкото. Направите за чување кислород не 2се репрезентација од денешната технологија, технологијата е развиена така да може да се компресираат во големина на паричка со притискање на копче. Поради тоа една од професиите во овој свет е "Собирач". Таа представува патување до повисоки и почисти делови и собирање на кислород, кој подоцна треба да се сподели со својата заедница. Покрај таа професија имаме и неколку други. Тоа се "Чистачите" кои имаат улога да ги чистат филтрите низ објектите, фармерите кои работат во специјални лаборатории каде се расте и одлегдува храна. Потоа имаме инжинери, трговци, доктори и полиција. Секој член на заедниците по полнењето на 15тата година му е доделено улога базирана на неговите резултати на посебен тест. Тука почнува нашата приказна каде нашиот лик првпат се здобива со позицијата на собирач и тргнува по несакана авантура.
Download link: https://drive.google.com/file/d/19rovimZfjYnOdPIHRg_CNcA7JTFqtX4t/view
Музика во менито : https://www.youtube.com/watch?v=4l_PxLFbdHQ
Музика во двете сцени(cutscenes) : https://www.youtube.com/watch?v=Ddrs6FXIJ-g
Музика во првиот дел од првото ниво : https://www.youtube.com/watch?v=x74grrke9qE
Музика во вториот дел од првото ниво : https://www.youtube.com/watch?v=oOBP9Y8wux0
Game Over Музика : https://www.youtube.com/watch?v=br3OzOrARh4
Shooting Sound Effect : https://www.youtube.com/watch?v=niKwTXI5TLo